Борусија Дортмунд го комплетираше ремонтот во навалната линија, откако во текот на летово актуелниот европски вицешампион го напуштија Филкруг, Ројс и Санчо. За нов предводник на нападот е доведен Жираси од Штутгарт, а од денеска нов член на „милионерите“е и Максимилијан Бејер, одличниот перспективен напаѓач кој ланската сезона постигна 16 погодоци за Хофенхајм во Бундес-лигата.
Бејер беше желба и на неколку англиски премиерлигаши, но челниците на Борусија беа најконкретни во преговорите, договарајќи го овој трансфер за почетни 29 милиони евра, плус три милиони врзани со неколку клаузули.
„Поради заминувањето на Никлас Филкруг бевме принудени повторно да реагираме на пазарот. Доведовме извонреден млад талент и огромен потенцијал, Мејер е играч од висока класа, играч што го бараа клубови од Топ 5 лигите летово, а ние упеавме да го доведеме. Среќни сме што не требаше многу да го убедуваме да дојде во Борусија“, изјави менаџинг-директорот на германскиот гигант, Ларс Рикен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА