Борусија во поранешниот играч го најде решението во одбраната

После само шест месеци откако го напушти тимот на Борусија Дортмунд, повторно се интезивира негово враќање на „Вестфален“. Станува збор за Матс Хумелс, кој би можел да биде решение на проблемите на „милионерите“ во одбраната.

За потсетување, Борусија остана без тројцата стопери поради повреди. Никлас Зиле, Валдемар Антон и сега најново Нико Шлотерберк се повредени, и ниту еден од нив нема да може да игра до крајот на годината. Дури се претпоставува дека двајца од тројцата ги чека и подолга пауза, односно до крајот на јануари.

За таа цел „милионерите“ веќе се во потрага по замена, а една од опциите е позајмица на Хумелс. Хумелс беше дел од Борусија пред да го напушти клубот. Во Рома игра само епизодна улога, па би можело да се случи да направи „кам-бек“.

Се вчитува...