Урош Борзаш е едно од најголемите засилувања на Еурофарм Пелистер ангажирани летово, српскиот „бомбардер“ треба значително да ја засили бековската линија, а Борзаш делува максимално мотивирано за што побрзо да се адаптира во новата средина и да се наметне за голема минутажа во таборот на македонскиот првак.
Тој пристигнува од редовите на норвешки Елверум, но српскиот репрезентативец не се изнаигра во овој клуб, поради што реши да си замине.
„Се поклопија моите лични амбиции со оние на Пелистер, затоа и дојдов во овој клуб. Квалитетно работиме, тоа е она што ми е потребно во моментов – да играм редовно, се надевам на голема минутажа. Уште еден плус е што сега сум поблиску до дома. Веќе 11 години сум во странство, ми недостигаше да се вратам на Балканот, да го почувствувам повторно тој менталитет. Затоа и прекрасно се чувствувам во Битола. Играњето во ЛШ беше многу важно, но не и пресудно, бидејќи тоа сепак е натпреварување кое секој ракометар сонува да го игра. Групата е силна, ќе биде спектакуларно да се игра во Битола, секогаш е прекрасно да се настапува во таков амбиент“, изјави Борзаш во интервју за српските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

