Српскиот бек на Алкалоид, Урош Борзаш успешно ја мина операцијата по тешката повреда на прстот која ја заработи на натпреварот против Е. Пелситер 2.
Искусниот ракометар сега го чека пауза од најмалку два месеци и неговиот камбек се очекува за вториот дел од суперлигашкото натпреварување.
Мирувањето на Србинот доаѓа пред тешкиот распоред на избрниците на Кирил Лазаров кои во овој период ги очекуваат натпревари против најголемите конкуренти за висок пласман на табелата – Вардар, Е. Пелистер и Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

