Сосема очекувано, нескриено е задоволството во вардаровиот табор по победата над Лозана од 2-1 во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА.
Фудбалерот од средниот ред на „црвено-црните“, Немања Босанчиќ издвојувајќи се како еден од најдобрите на теренот, вели дека, сепак, мора да се остане приземен по овој триумф затоа што следат уште 90 минути. А, целта на Вардар е пласман во следната рунда европски натпревари.
„Бевме навистина добро подготвени за натпреварот, и одигравме онака како што се договоривме за заслужена победа. Искрено верувам дека можеме да одиме во следното коло. Останува добро да се фокусираме за реваншот, да се корегираат одредени недостатоци во играта и во Швајцарија да пружиме и подобро издание. Сепак, добро треба да знаеме дека ова е само прво полувреме. Во Лозана треба да го покажеме сиот наш квалитет за пласман понатаму“ – истакна по синоќешниот натпревар Босанчиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

