Јусуф Нуркиќ синоќа го одигра еден од најдобрите натпревари во својата кариера. Беше брутален против Минесота Тимбервулвс, предводејќи ја Јута Џез до победа од 127-122, со трипл-дабл настап, втор во неговата кариера.
За 31 минута на теренот, Нуркиќ постигна 16 поени (7/11 од поле), имаше 18 скока и 10 асистенции. Тоа беше навистина спектакуларен настап на кошаркарот на БиХ, кој покажува одличен квалитет во играта.
Заедно со Нуркиќ, Џез до победата го предводеа Џорџ со 43 поени и Бејли со 20 поени. Од друга страна, Ентони Едвардс постигна 38 поени.
Нуркиќ има просек од 10,7 поени и 10 скока по натпревар оваа сезона. Тој е осмиот скокач во НБА. На овој настап тој додава 4,3 асистенции по натпревар со 50,7 проценти шут од поле.
Нуркиќ е во својата 11-та НБА сезона. Често се споменува можноста да го напушти Џез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

