Босански центар дојде од Русија и потпиша за Работнички

Работнички се соочува со сериозни проблеми во текот на оваа натпреварувачка сезона, но „центарци“ во меѓувреме успеаја да донесат уште едно засилување во своите редови.

Станува збор за Миљан Марковиќ, 32-годишен кошаркар кој денеска потпиша договор со тимот од „Градски Парк“. Марковиќ е кошаркар кој настапува на позициите центар и крилен центар, дел од тимот каде тренерот Самарџиев имаше најголеми проблеми во ротацијата, па се очекува интернационалецот од БиХ да биде значајно засилување за Работнички во вториот дел од сезоната.

Тој доаѓа од руската екипа Барнаул, каде настапи на само шест натпревари со просек од 10,2 поени и 5,2 скокови по натпревар.

Овој трансфер значи и камбек на Марковиќ во мак-баскетот ако се знае дека тој дел од ланската сезона ја мина во Кожув, а претходно во кариерата има настапувано и за Комарно, Златорог, Борац, Тамиш, Варда, Радник, Грац, Хелиос Санс…

Се вчитува...