Босанците одлучија: Саво Милошевиќ останува селектор

Саво Милошевиќ ќе ја продолжи авантурата како предводник на селекцијата на БиХ и покрај катастрофалните резултати што српскиот стручњак ги имаше на чело на оваа репрезентација.

Милошевиќ дојде на клупата на БиХ на местото на Мехо Кодро, ги загуби трите натпревари на чело на оваа селекција, а со коментарите за недоволен квалитет во играчкиот кадар ја налути јавноста, која експресно побара негова смена. Сепак, членот на Извршниот одбор на фудбалската федерација, Фуад Чолпа, обелодени дека заминување на Милошевиќ воошто не е опција.

„Со селекторот Милошевиќ е потпишан договор во момент кога квалификациите веќе беа загубени, а атмосферата далеку од посакуваното ниво. Целта беше преостанатите квалификациски средби да послужат како подготовки за баражот во март. Милошевиќ останува селектор, тој знае што треба да стори и знае дека ја има нашата поддршка, се надеваме дека во мартовскиот бараж се ќе биде во најдобар ред“, изјави Чолпа за босанските медиуми.

Се вчитува...