Адис Бечирагиќ повеќе не е селектор на кошаркарската репрезентација на БиХ откако искусниот стратег самиот си поднесе оставка од оваа функција.
Оставката следи по бурното лето во кое Бечирагиќ се соочи со огромни проблеми со составот на БиХ за Евробаскет 2025, но сепак успеа да ја одведе оваа репрезентација во нокаут фазата.
„Ви се обраќам откако ја донесов една од најтешките одлуки во кариерата. Како и секогаш, ќе бидам директен – поднесувам оставка на местото селектор на БиХ. Причини има неколку, но главната е поврзана со она најважното за секој од нас – здравјето. Во изминатите три години истрпев многу работи, се поради љубовта кон земјата и кон репрезентацијата. Стресот длабоко ме погоди уште за време на подготовките, а потоа и при натпреварите на Евробаскет. Ми се одрази на целиот организам, само јас знам низ што се минав и какви последици имам до ден денеска. Да не говорам за тоа дека наскоро ме очекува и операција“, објави Бечирагиќ.
Се очекува БиХ наскоро да именува нов кормилар на националниот тим кој веднаш го очекува сериозен предизвик ако се знае дека во ноемвриските мундијалски квалификации Босанците е се сретнат со селекците на Турција и на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

