Босанците со отказ за селекторот Петев

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина во новата сезона ќе влезе со нов селектор, откако беше донесена одлука за разделба од Ивајло Петев.

Бугарскиот стратег седеше на клупата на БиХ од јануари 2021 година, но не се прослави како предводник на оваа селекција. Поради ова, раководството на федерацијата е едногласно дека на Петев нема да му биде нов договоr.

Веднаш ќе биде стартувана потрагатапо нов селектор, кој ќе ја води репрезентацијата на БиХ во квалификациите за наредниот европски шампионат. БиХ под водство на Петев одигра 20 натпревари, забележувајќи шест победи, седум реми и седум порази, со вкупна гол-разлика 19-24.

Се вчитува...