Доскорешниот младински репрезентативец на Македонија, Петар Бошалески карерата ќе ја продолжи во второлигашката конкуренција потпишувајќи договор со клубот од родниот крај, Охрид.
Бошалески се сели во „сино-белите“ редови од вицешампионот Пелистер со кој ја започна оваа сезона, но не успеа да се избори за минутажа во амбициозниот битолски тим бележејќи 2.0 поени и 1.4 скокови на седум одиграни средби.
Интересно, дебито на Бошалески за Охрид се очекува да биде веќе на утрешниот натпревар против Маџари кој пак го засили својот тим со ангажман на искусниот Ивица Димчевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА