Македонскиот прволигаш Тиквеш продолжува со екипирањето за новата сезона официјализирајќи го потписот на младите Петар Бошалевски и Карло Блажевски.
Бошалевски се сели во Кавадарци од редовите на минатогодишниот второлигаш Охрид каде помина добар дел од сезоната како позајмен кошаркар од редовите на Пелистер. Блажевски пак продолжува со пролигашките настапи откако минатата сезона ја помина во редовите на Куманово за кој настапи на 12 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

