Фудбалерите на Кит Го продолжуваат со подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток веќе од 14. јули реализирајќи ја и втората фаза во Пехчево. По првичните тренинзи во Штип, шефот на стручниот штаб Емил Грнев со екипата е во својата база во Пехчево каде е планирано одигрување и неколку пријателски натпревари.
Паралелно со подготовките тече и засилувањето на тимот за новата сезона. Нови фудбалери се младинскиот репрезентативец Давид Бошески кој доаѓа од екипата на Њу Старс, како и Љупче Јанкулов од Кожуф. И двајцата треба да ја засилат дефанзивната линија на тимот.
Во составот од претходно е приклучен и младинскиот репрезентативец Јонуз Рушту кој пристигна од редовите на Работнички.
Првиот пријателски натпревар на Кит Го ќе биде против Слога Виница на 24. јули, а потоа ќе следат и тест дуелите со Осогово, Трајал Крушевац и Детонит. Генералката пред стартот на сезоната е закажана за 14. август против струмичка Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА