Поранешниот македонски селектор, Бошко Ѓуровски, по кратката одисеја на клупата на „црвено-белите“ изминатава сезона сепак останува во Црвена Звезда но како дел од раководните органи на клубот.
На Собранието на Црвена Звезда, Бошко Ѓуровски е избран за нов член на Управниот одбор на клубот. Покрај легендата на „црвено-белите“ во најтесното раководство се кооптирани и Југ Радивојевиќ и професор Александар Марковиќ.
На Собранието на клубот, на кое присуствуваа 56 од вкупно 70 членови, за претседател е реизбран Ратомир Дујковиќ, а двајца нови потпретседатели се Бранко Белеслин и Александар Радојичиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА