Поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски е пред официјализирање на неговото враќање во јапонскиот фудбал. Наредниве денови Ѓуровски и официјално се очекува да биде промовиран на клупата на еден јапонски прволигаш, поради што мораше да го одбие повикот да ја преземе репрезентацијата на БиХ.
„Не бев изненаден кога ме контактираа лицата од БиХ. Изминатиов период бев во потрага по нов ангажман, но кога стигна повикот од БиХ веќе беше касно затоа што веќе сум пред договор за враќање во Јапонија. Да ја водам репрезентацијата на БиХ за мене би било чест, но повикот дојде во погрешно време“ – вели Бошко Ѓуровски.
Поранешниот тренер на Црвена Звезда и Сервет не сака се уште официјално да го соопшти името на новиот свој клуб, но според шпекулациите еден од клубовите кои го посакуваат во Јапонија е и Јокохама Маринос, тимот на македонскиот репрезентативец Давид Бабунски.
На крајот од сезоната во Јапонија, која завршува за две недели, Јокохама Маринос и дефинитивно ја завршува соработката со актуелниот тренер, Французинот Ерик Момбартс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА