Поранешниот македонски фудбалски селектор Бошко Ѓуровски ќе добие нов двегодишен договор од српскиот клуб Црвена Звезда, откриваат медиумите кај нашиот северен сосед. Тој беше назначен за привремен тренер до крајот на сезоната по заминувањето на Миодраг Божовиќ, но иако ги загуби двете титули од големиот ривал Партизан, сепак, ќе добие нов договор до 2019 година.
Генералниот директор на клубот, Звездан Терзиќ, обелодени во јавноста дека Бошко Ѓуровски е најдобро решение за тренерската позиција во овој момент, но ќе треба таа одлука да ја потврди и Управниот одбор на клубот.
Бошко Ѓуровски во 2007 година како тренер на Црвена Звезда ја освои двојната круна со „црвено-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА