Бошко и Милко Ѓуровски, единствените Македонци кои на терен му се спротиставиле на Марадона (ВИДЕО)

Браќата Бошко и Милко Ѓуровски се единствените Македонци кои на терен се судриле со легендарниот Диего Армандо Марадона.

Бошко и Милко ќе го паметат натпреварот од Купот на европските победници на куповите од 20. октомври 1982 година на белградска „Маракана“ кога Црвена Звезда ја пречека славната Барселона во чии редови настапуваше Марадона. Бошко го одигра целиот натпревар, а Милко влезе во игра во второто полувреме. Во победата од 2-4 на Барселона, првите два гола за каталонскиот тим ги постигна Марадона, а уште два запиша Бернд Шустер. За Црвена Звезда двата гола беа дело на Рајко Јањанин.

На Светското првенство 1990 во Италија, во дресот на СФРЈ во четвртфиналето на шампионатот против Аргентина која капитенски ја предводеше Марадона, беа и Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ, но и двајцата останаа само на клупата за резервни фудбалери не добивајќи тогаш шанса од Ивица Осим на терен да се судрат со големиот аргентински крал на фудбалот.

Се вчитува...