Тинекс Пролет денеска го очекува нов предизвик во Супер-лигата, гостување против екипата на Струга (16 часот) и обид во шестото коло да се забележи и петтата овосезонска победа.
Овој дуел е увертира за пресметката со шампионот Вардар, но тренерот Андон Бошковски предупредува дека нема да биде нималку лесно да се стигне до бодовите против стружани.
„Супер-лигата е такво натпреварување каде тешко се стигнува до бодови на гостински терен. Мораме да бидеме максимално ангажирани и сконцентрирани од почеток до крај, тоа е единствениот рецепт за успех. Свесни сме дека на хартија важиме за фаворити, но победите се остваруваат на терен и ќе мораме да одиграме најдобро што знаеме за да стигнеме до нови бодови“, вели Бошковски.
Притоа, искусниот стручњак се осврна и на квалитетите на денешниот противник.
„Струга има значително променет состав во однос на минатата сезона, но сепак станува збор за тим што мора да се респектира. Имаат навистина квалитетен голман, бековската линија може да влезе во ритам и да создаде сериозни проблеми, а на крило го имаат Бобан Блажевски, кој лесно влегува во гол-серија. Како што веќе напоменав, ова е тим што можеме да го добиеме само ако одиграме стопроцентно од првата до последната минута“, истакнува тренерот на Тинекс Пролет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА