Фудбалскиот сојуз на Бoсна и Херцеговина соопшти дека новиот национален стадион на кој ќе игра репрезентацијата ќе се гради во Зеница.
Претседателот на фудбалскиот сојуз Вицо Жељковиќ откри дека првичната желба била да се изгради стадионот во Сараево. Репрезентацијата на Босна и Херцеговина досега своите натпревари ги играше на стадионот „Билино Поље“, кој не ги исполнува целосно сите стандарди на УЕФА.
„Желбата беше Сараево, но не наидовме на разбирање и поддршка. Одиме да го реализираме националниот стадион во Зеница“, рече тој, утврдувајќи дека локалните власти на сараевската општина Центар не покажале добра волја за пресврт на веќе постоечки објект во Кошево во национален стадион Во 1984 година се одржа церемонијата на отворање на XIV Зимски олимписки игри.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина во својата историја само еднаш успеа да се пласира на едно големо натпреварување во 2014 година, кога учествуваше на Светското првенство во Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

