Селекторот на женската репрезентација на Босна и Херцеговина, Горан Лојо го објави поширокиот список на играчи на кои смета за претстојните натпревари во квалификациите за Европското првенство кое во 2023 година ќе се игра во Словенија и во Израел.
На списокот повикана е и натурализираната, Џонкуел Џонс која годинава беше избрана за МВП на регуларниот дел од ВНБА лигата, а игра заедно со нашата Девана Бонер (која најверојатно нема да биде дел од Македонија во овој прозерец) во Конектикат Сан.
Селекторот испратил повик и до Мелиса Брчаниновиќ, но кошаркарката на шпанската Герника потоа го информираше КСБиХ дека во претстојниот период нема да игра за националниот тим.
Првиот собир е закажан за 7.ноември, додека првиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2023, Босанките ќе го одиграат на 11. ноември на домашен терен против Белгија.
Три дена подоцна, нашата селекција ќе биде домаќин на БиХ на средбата во Скопје.
На списокот се наоѓаат следните кошаркарки:
Милица Деура (Келтерн, Германија), Марица Гајиќ (Фламес Кароло, Франција), Џонкуел Џонс (Екатеринбург, Русија), Анџела Делиќ (Берое, Бугарија), Николина Џебо (Плеј-Оф), Николина Бабиќ (Прометеј, Украина), Миљана Џомбета (Сату Маре, Романија), Николина Делиќ (Јежица, Словенија), Драгана Домузин (Хернер,Германија), Матеа Тавиќ (Келтерн, Германија), Сара Хељиќ (Вашаш, Унгарија), Хана Халиловиќ (Хогсбо, Шведска), Анџела Глигиќ (Партизан, Србија), Милина Мишељиќ (Црвена звезда, Србија), Коутнес Хурт (Хорзов, Полска), Азра Никшиќ (Плеј-Оф), Ајла Селимовиќ (Челик-Зеница), Јована Марковиќ (Будуќност, Црна Гора), Неџла Ковачевиќ (Патерна, Шпанија), Горана Марјановиќ (Партизан, Србија) и Драгана Зубац (Хатај, Турција).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА