Босна се закани со откажување, државата најде пари за да може да игра во АБА1

Босна на крајот сепак ќе учествува во АБА1 лигата откако шампионот на АБА2 пред неколку дена најави повлекување поради финансиски проблеми.

Веќе стана вообичаена пракса во спортските кругови во БиХ клубовите и федерациите да мораат гласно да се пожалат за да биде најдено решение за нивните проблеми, доказ за тоа е и овој случај со Босна. Министерот за култура и Спорт, Кенан Магода, денеска изјави дека е најден заеднички јазик и овој кошаркарски гигант конечно ќе добие грижа од државата каква што заслужува, да има респектабилен буџет со кој достојно ќе ја претстави босанската кошарка во АБА1.

Покрај тоа, решен е и проблемот со салата, па така Босна своите домашни натпревари во новата сезона ќе ги игра во салата „Зетра“.

„Круната на вложувањата во претходните две години беше освојувањето на АБА2 лигата и пласманот во елитата. Денеска во просториите на Владата на инсистирање на Премиерот Нермин Никшиќ имавме успешен состанок на кој беа отстранети сите недоумици. Владата на Сараево издвои историски буџет за КК Босна, а трендот ќе го продолжи и Владата на БиХ преку компаниите што се во нејзина сопственост. Босна сигурно ќе биде сериозен играч на регионалната кошаркарска сцена, заедно ќе славиме и ќе тагуваме во сезоната што следи“, изјави Кенан Магода за Н1.

Се вчитува...