Бостон добива сериозна конкуренција на Истокот: Пол Џорџ ја засили Филаделфија

Актуелниот шампион на НБА лигата, Бостон доби голема конкуренција во Источната конференција откако денеска искусниот Пол Џорџ ја засили Филаделфија со четиригодишен договор вреден 212 милиони долари.

Триесетичетиригодишниот бек кој ја покрива и крилната позиција последните пет години ги помина во редовите на Лос Анџелес Клиперс, но не успеа да стигне до шампионскиот прстен со тимот од „градот на ангелите“. Претходно настапуваше и за Индијана и Оклахома.

Се вчитува...