Бостон уште еднаш потврди зошто важи за најдобар тим на Источната конференција откако селтикси славеа и на третиот дуел со Индијана, овојпат на гостински терен со 111-114. Со тоа, Бостон има водство од 3-0 во серијата до четири победи и е на добар пат да се пласира во големото финале и да го нападне трофејот што „зелените“ го чекаат цели 15 години.
Последната победа е значајна ако се знае дека Индијана доминираше во големи периоди од првото полувреме, домаќините имаа и по 18 поени предност во втората, потоа и во третата четвртина, но и тоа беше недоволно за да се стигне до триумф. Индијана имаше „плус 12“ на почетокот од четвртата четвртина, но Бостон одгра најдобро кога беше најважно, се разбуди Џру Холидеј и го предводеше тимот на селтикс до голем пресврт и победа.
Џејсон Тејтум беше најефикасен и на овој меч на Бостон со 36 поени, Џејлен Браун имаше 24, а Холидеј заврши со 14 поени, но речиси сите во последната четвртина. Кај Индијана најефикасни беа Нембхард со 32 и Меконел со 23 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА