Бостон го доби големото дерби со Лејкерс (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА лигата славеше на домашен терен против Лос Анџелес лејкерс со 111-101 во дербито на вечерта во НБА лигата.

Џејсон Тејтум со 40 и Џејлен Браун со 31 поен го предводеа домаќинот до победата против големиот ривал. Кај поразените најдобар поединец беше Лука Дончиќ кој мечот го заврши со 34 поени.

Голден стејт вориорс ја продолжи својата серија на победи откако славеше на домашен терен против Детроит пистонс со 115-110. Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Шарлот – Бруклин 105-102, Хјустон – Њу Орлеанс 146-117, Торонто – Вашингтон 117-118, Атланта – Индијана 120-118, Милвоки – Орландо 109-111 и Мајами – Чикаго 109-114.

Се вчитува...