Бостон го награди Хаузер со нов договор вреден 45 милиони долари

Американскиот шутер Сем Хаузер имаше значајна улога во шампионската сезона на Бостон Селтикс и за тоа ќе добие награда од страна на „зелените“ кои му понудија нов четиригодишен договор вреден 45 милиони долари.

Дваесетишестгодишникот не беше одбран на драфтот во 2021 година, но и покрај тоа го најде своето место во НБА лигата. Последните три години ги помина во Бостон, а претходната сезона бележеше просек од 9.0 поени при 42.4 отстотна реализација за три поени и 3.5 скокови.

Се вчитува...