Бостон и Индијана во следната фаза, Јокиќ и Мареј ги уништија Клиперси (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари на светот Никола Јокиќ, одигра веројатно една од своите послаби натпревари во постигнувањето поени, бидејќи постигна само 13 поени со лош шут од поле, но исто така имаше 10 скока и 12 асистенции и стигна до нов трипл-дабл во победата на неговиот тим Денвер против Лос Анџелес Клиперс, и со тоа Нагетси поведоа во серијата со 3-2.

Сепак, човекот на одлука вечерва беше канадскиот плејмејкер Џамал ​​Мареј, кој постигна неверојатни 43 поени и дефинитивно ги предводеше Нагетсите до убедлив триумф.

Серијата сега се враќа во Лос Анџелес каде Денвер ќе се обиде да го реши прашањето за победникот.

Кошаркарите на Бостон Селтикс обезбедија пласман во 1/4 финалето во плеј-офот, откако со вкупни 4-1 го елиминираше тимот на Орландо. Тејтум со 35 поени ноќеска беше незадржлив за Орландо, во убедливата победа на Селтикс од 120-89. Бостон имаше проблеми само во првата четвртина која ја загуби со 23-27, а потоа со пресврт дојде до убедлив триумф.

Во следната фаза оди и тимот на Индијана, кој го елиминираше Милвоки со 4-1. Пејсерси триумфираа дури по продолженијата со 119-118. Недоволни беа добрите партии на Трент и Адетокумбо кои постигнаа 33, односно 30 поени. Халибуртон со 26 поени беше најефикасен кај Индијана.

Детроит го совлада Њујорк и тоа во Медисон Сквен Гарден, и ја израмни серијата на 2-2. До триумфот Пистонси дојдоа во последните мигови од мечот. Канингам беше најефикасен во победата на Детроит со 24 поени, осум скокови и осум асистенции.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Милвоки 119-118 (по продолженија)
Њујорк Никс – Детроит 103-106
Бостон – Орландо 120-89
Денвер – ЛА Клиперс 131-115

Се вчитува...