Бостон и Мајами до сигурни победи, Кари го „сруши“ Орландо (ВИДЕО)

Бостон забележа убедлива победа од 120-106 во дуелот против Торонто. Оџелеје беше првото име за „зелените“ со 24 поени и 6 скока, додека него го следеше Кајл Вокер со 21 поен и 5 скока. Кајл Лаури беше првото име кај Торонто со 24 поени и 6 асистенции, додека него го следеше Паскал Сиакам со 23 поени и 4 скока.

Победничката серија на Мајами се искачи на четири во низа откако тимот од Флорида славеше против Хјустон со 94-101. Џими Батлер беше предводникот на Мајами со трипл-дабл учинок од 27 поени, 10 скока и 10 асистенции. По 17 поени за Хјустон постигнаа Ерик Гордон и Џон Вол на кои ѕвездата додаде и 7 асистенции и 6 скока.

Стеф Кари повторно беше незапирлив, а овој пат пред супер-ѕвездата на Голден Стејт го предводеше својот тим до победа од 111-105 над Орландо. Фантастичниот Кари овој пат броеше до 40 поени на кои додаде и 8 скока и 5 асистенции. Никола Вучевиќ беше првото име кај составот од Флорида со дабл-дабл од 25 поени и 13 скока.

Во останатите натпревари Портланд славеше над Филаделфија со 118-114, додека Индијана беше поуспешна од Детроит со 111-95.

Се вчитува...