Бостон и Минесота приредија интересна кошаркарска претстава во еден од синоќешните дуели во НБА лигата. Во неизевесен меч на крајот славеа Ирвинг и друштвото со 91-84.
Маркус Смарт кај Бостон беше најефикасен со 18 поени, а добра партија пружи и Кајри Ирвинг со 16 поени, 10 скока и 8 асистенции. Кај Минесота најдобар беше Карл Ентони Таунс со 25 поени и 23 скока.
Филаделфија без поголеми проблеми запиша победа на домашен паркет против Детроит со 114-78.
Кошаркарите на Мајами, пак, по едно продолжение успеаја да го скршат отпорот на Њујорк и да слават со 107-103, додека Торонто беше подобар од Милвоки победувајќи со 110-129.
Мајами до победата беше предводен од Вејнс Елингтон со 24 поени, но и Горан Драгиќ кој постигна 19 поени дополнети и со шест асистенции. Кристопс Порзингис пружи лоша партија во поразениот тим со 15 поени, додека најефикасен кај Никси беше Кортни Ле со 24 поени.
Сан Антонио без поголеми проблеми го победи Феникс со 103-89. Леонард броеше до 21, но треба да се додаде дека Ману Џинобили од клупата исто така постигна 21 поен. За Феникс, пак, 21 поен постигна Девин Букер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА