Во неколку часа во недела попладне, Лондон беше претворен во дел од САД бидејќи популарните безјзбол тимови Бостон Ред Сокс и Њујорк Јeнкис го одиграа првиот МЛБ натпревар во историјата на европско тло.
Мечот дојдоа да го гледаат 60.000 луѓе, а беше интересен и за кралското семејство па присуствуваа и Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс. Тие им се обратиле на двата тима и во соблекувалните.
Огромниот интерес што го привлече овој меч ги зголемува шпекулациите дека МЛБ ќе продолжи да носи натпревари од регуларниот дел од сезоната во Лондон, но и во други градови низ Европа. За следната сезона е договорено Чикаго Кабс и Сент Луис Кардиналс да гостуваат исто така во јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА