Бостон Селтикс и Портланд Трејл Блејзерс се договорија за размена на играчи.
Како што објави „ЕСПН“ ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, Бостон Селтикс го испратија Џру Холидеј во Портланд Трејл Блејзерс во замена за Анферни Симонс и два пика од втората рунда.
Кошаркарскиот свет е малку шокиран од овој потег на Портланд бидејќи се чини дека Бред Стивенс го „ограбил“ тимот од Орегон.
Џру Холидеј има 35 години и има многу богат договор бидејќи ќе заработи 32,4 милиони долари оваа сезона, потоа 34,8 милиони и 37,2 милиони долари во последната година.
Анферни Симонс има 26 години и ќе заработи 27,7 милиони долари претстојната сезона и ќе стане неограничен слободен агент во летото 2026 година.
Холидеј беше еден од клучните фактори за освојување на титулата минатата сезона за Бостон селтикс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

