Бостон со „метла“ за Индијана за ново финале во НБА (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон селтикс се првиот финалист во НБА лигата откако успеа да слават во финалната серија во Источната конференција против Индијана пејсерс со 4-0.

Селтикс славеа и на вториот меч во Индијанаполис во финалето овој пат со 102-105 и со тоа обезбедија нова финална серија во најсилното кошаркарско првенство во светот. Џејлен Браун со 29 и Џејсон Тејтум со 26 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 24 поени на Ендрју Немхарт.

Во финалето Бостон го чека подобриот од серијата меѓу Далас и Минесота, каде Маверикс имаат предност од 3-0.

Се вчитува...