Бостон загуби од Атланта, го губи и првото место на Истокот

Во возбудлив натпревар синоќа во НБА лигата, Вашингтон славеше на гостувањето против Њујорк со 106-103.

Натпреварот беше решен во последните секунди, кога Бил успеа да реализира две слободни фрлања за конечна победа. Њујорк имаше шанса да се избори за продолжение, но Ентони промаши шут за три поени.

Бредли Бил го предводеше Вашингтон со 25 поени, Џон Вол дополни со 24 поени, а Марсин Гортат имаше 16 поени. Кај Њујорк се истакна Кармело Ентони со 23 поени, додека Џастин Холидеј дополни со 16 поени.

Атланта славеше против Бостон со 123-116. Домашните кошаркари го решија натпреварот во втората четвртина кога се стекнаа со предност од 16 поени. По овој пораз на Бостон, речиси е сигурно дека првото место на Истокот оди за Кливленд.

Атланта до триумфот ја носеше Пол Милсап со 26 поени и 12 скока, а Тим Хардавеј јуниор дополни со 23 поени. Кај Бостон се истакна Томас со 35 поени.

Се вчитува...