Валтери Ботас стигна до пол-позицијата на утрешната трка во Остин во суперинтересните квалификации во кои првите четири возачи имаа подобро време од ланскиот рекорд на оваа патека.
Возачот на Мерцедес ги остави зад себе ривалите, па така второто место му припадна на Фетел, третото на Ферстапен, а четвртото на Леклер, сите во временско растојание од 0,12 секунди. Актуелниот светски првак Луис Хамилтон утрешната трка ќе ја стартува од петтата позиција.
„Извозев добар круг. Вчера имав проблеми, многу работи не беа како што треба со болидот, но утрово завршивме добра работа, ги отстранивме проблемите и денеска извозев одличино“ – истакна Ботас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА