Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас е победник на десеттата трка сезонава од Формула 1 која се возеше во Сочи за Големата награда на Русија.
Ботас до победата стигна искористувајќи ги казните кои ги заработи Хамилтон, поради подготовка пред почетокот на трката на недозволен дел од патеката. И возачот на Мерцедес до крајот имаше максимална прецизност на трката за триумф. На второто место заврши Ферстапен, а трет беше Луис Хамилтон.
А, трката почна на најлош можен начин. Двајца возачи во меѓусебен инцидент веднаш ја завршија трката на самиот старт. Карлос Сајнц најпрво во својот Мерцедес удри во ѕид, а многу брзо потоа несреќа имаше и Ланс Штрол.
Sainz tamam abi Ferrari sensin tamam pic.twitter.com/luTRyMR6Ii
— F1 Caps (@F1caps) September 27, 2020
Во продолжението, лидерот Луис Хамилтон кој стартуваше од пол-позиција доби две казни од по пет секунди, по што ја препушти водечката позиција на Валтери Ботас кој до крајот имаше феноменална трка, без ниту една грешка.
Зад победничката тројка, на четвртото и петтото место трката ја заврши двоецот од Рејсинг поинт, Перез и Рикиардо, додека на шестата позиција ја освои Леклерк од Ферари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА