До крајот на сезоната, Валтери Бостас ќе му помага на својот клупски колега, Луис Хамилтон, да ја освои петтата шампионска титула во Формула 1, затоа што Финецот нема за што друго да се бори. Тоа го најави и шефот на Мерцедес, Тото Волф. Јавна тајна е дека Ботас е втор возач во германскиот тим, иако во првата половина од сезоната во Мерцедес го негираат тоа.
На шест трки до крајот, предноста на Хамилтон е значителна, а Ботас нема никакви шанси да се бори за титулата и единствено што му преостанува е да се посвети на „тимскиот успех“ и да му помогне на својот клупски колега и на тимот.
„Секој возач може да се најде во таква тешка ситуација кога повеќе не може да се бори за титулата, тоа за што толку работи и сонува. Тешко е кога ќе осознаеш дека повеќе не си во борбата. Но, Валтери покажа брзина, талент и работна етика, кои можат да му донесат победи во Мерцедес. Тој отсекогаш бил тимски играч и тоа е една од неговите најдобри карактеристики. Валтери можеше да победи на многу трки сезонава, но немаше многу среќа“ – изјави Тото Волф.
Следна на календарот на Ф1 е трката во Сочи за ГН на Русија што ќе се вози на 30 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА