Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе тргне од најдобрата стартна позиција на утрешната Формула 1 трка за Големата награда на Азербејџан. Тој постигна рекорд на патеката возејќи најбрз круг во третата сесија од квалификациите оставајќи го зад себе тимскиот колега Луис Хамилтон.
Возачите на Мерцедес го запоседнаа првиот стартен ред. Зад нив ќе биде Ферарито на Себастијан Фетел кој вториот ред ќе го дели со Макс Ферстапен од Ред Бул.
Кавалификациите за градската трка во Баку траеа невообичаено долго поради двата прекина предизвикани од ударите на Kубица и на Леклер во осмиот свиок од патеката. Возачот на Ферари сепак заврши на 10. место во квалификациите.
Во пресрет на утрешната трка, Хамилтон е на лидерската позиција во генералниот поредок со шест бода пред Фетел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА