Валтери Ботас го освои првото место на денешната трка за ГН на Јапонија, триумфирајќи пред Себастијан Фетел и Луис Хамилтон. Двете места на подиумот беа доволни за Мерцедес предвреме да осигура уште една титула во конкуренција на конструктори, шеста во низа за овој тим.
Себастијан Фетел се спаси од казна при самиот старт откако на прв поглед се чинеше дека Германецот тргна пред ривалите. Со проблеми се соочи и Луис Хамилтон, кој се обиде со стратегија со едно влегување во пит-стоп, но мораше пред крајот на трката повторно да влезе на менување на гумите, за на крајот да се задоволи само со третата позиција.
„Среќен сум, многу среќен. Беше многу неизвесно на квалификациите, тргнав трет, но стаартот беше одличен, Фетел имаше проблеми, па експресно се најдов на чело на колоната. Чест ми е што сум дел од овој тим и што заеднички освоивме нов трофеј“ – изјави Ботас.
Зад тројцата најдобри, бодови на денешната трка освоија уште и Албон, Саинц, Леклер, Рикиардо, Гасли, Хулкенберг и Строл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА