Ботас победник на „дождовната трка“ во Турција, Ферстапен се врати на врвот во генералниот пласман

Финецот во болидот на Мерцедес, Валтери Ботас е победник на трката за големата награда на Турција. Тој до победата стигна на убедлив начин откако по казната на Хамилтон, стартуваше од првата позиција и во ниту еден момент не им дозволи на ривалите да го доведат неговиот триумф во прашање.

Второто место му припадна на Холанѓанецот, Макс Ферстапен на Ред Бул, додека подиумот го надополни неговиот клупски колега Серхио Перез. Четвртти заврши Шарл Леклер на Ферари, додека Луис Хамилтон кој стартуваше како единаесетти на крајот стигна до петто место.

Во бодови трката ја завршија уште и Гасли, Норис, Сајнц, Строл и Окон.

Со втората позиција Макс Ферстапен се врати на врвот во генералниот пласман на сметка на Луис Хамилтон. До крајот остануваат уште шест трки и не очекува голема борба во битката за титулата.

 

Се вчитува...