Мерцедес царува и во пресрет на ГН на Австрија, но Валтери Ботас ќе ја има пол – позицијата на утрешната трка, пред клупскиот колега Луис Хамилтон. Ботас оствари најдобро време (1:03.130 минути) и за 0.019 секунди беше подобар од Хамилтон.
Во вториот ред ќе бидат пилотите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен. Зад нив завршија Ферстапен, Грожан, Рикиардо, Магнусен, Сајнц и Хулкенберг.
Ботас втора година по ред ќе стартува од пол – позицијата на трката во Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА