Финецот Валтери Ботас и следната сезона ќе вози во Мерцедес, потврдија од германскиот клуб. Финецот ја продолжи соработката со тимот во кој е од 2017 година. Ботас дебитанската сезона во Ф1 ја помина во Вилијамс во 2013 година кога ги забележа првите бодови во шампионатот.
Со новиот договор на Ботас и дефинитивно се стави крај на шпекулациите дека Мерцедес би можел да го донесе Себастијан Фетел и да создаде „пеколен тандем“ зааедно со Луис Хамилтон.
Најдобрите возачи во Формула 1 продолжува викендов со втората трка на Силверстоун. На патеката во Британија се возеше и минатиот викенд, а Луис Хамилтон во „луда“ завршница успеа да стигне до седмата победа.
? #BottasAnnounced ?
He’s STAYING! ? @ValtteriBottas will race for the Team next year! ? pic.twitter.com/hsGv1WuWIX
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) August 6, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА