Боцвана до сензација на 4х400, Лајлс донесе злато на САД на 4х100 метри

Штафетата на Боцвана оствари историски успех стигнувајќи до златен медал на 4х400 метри во драматичното финале на последниот ден од СП во Токио.

Пресудно беше извонредното трчање на Кебинатшипи, кој беше побрз од Бенџамин и ја предводеше Боцвана до извонредниот успех, со вкупно време од 2:57,76 минути. Американците, кои воопшто не требаше да бидат дел од ова финале откако го имаа 11. најдобро време во квалификациите, на крајот мораа да се задоволат само со второто место, додека бронзата заврши на градите на атлетичарите од Јужна Африка.

Во истата дисциплина во женска конкуренција немаше премногу дилеми, Америкаките предводеи од Меклафлин стигнаа до златото со време од 3:16,61, пред Јамајка и Холандија.

Американците стигнаа до уште едно злато откако нивната штафета 4х100 метри успеа да триумфира во големото финале. Во главна улога беа Ноа Лајлс, кој освои само бронза на трката на 100 метри, но денеска истрча перфектно во последната измена од штафетата, носејќи го златото на својата селекција. Американците стигнаа до победата со време од 37,29 секунди, пред Канада со 37,55 и Холандија со 37,81 секунди.

Се вчитува...