Боувен го „реши“ Норич (ВИДЕО)

Вест Хем стигна до рутинска победа од 2-0 на домашен терен над Норич во заостанатиот натпревар од 18. коло во англиската Премиер-лига. Водство за „чеканите“ донесе Боувен на асистенција на Цуфал во 42. минута, додека конечните 2-0 ги постави истиот играч со својот втор гол на мечот во 85. минута.

Со овој триумф Вест Хем останува во игра за Лигата на шампионите, додека Норич се поблиску е до преселба во понизок ранг следната сезона.

 

 

 

Се вчитува...