Бове ја продолжува кариерата 13 месеци откако имаше застој на срцето

Фудбалерот на Рома, Едоардо Бове наскоро би можел да се врати во натпреварувачкиот фудбал. Фабрицио Романо тврди дека е блиску до приклучување кон Вотфорд од Чемпионшип, 13 месеци откако се онесвести на теренот поради срцев удар додека играше за Фиорентина.

За потсетување, во декември 2024 година, за време на натпревар од Серија А помеѓу Фиорентина и Интер, Бове се сруши на теренот и веднаш беше однесен во блиската болница Кареџи, каде што беше примен на интензивна нега. Тогаш Бове беше на позајмица во „виолетовите“. 

На Бове му беше поставен дефибрилатор во болница. Ова значи дека не може да ја продолжи својата фудбалска кариера во Италија, каде што е забрането играње со дефибрилатор. Ова е посебен вид уред што може да контролира опасни аритмиим у сега ќе може да замине во Англија, каде е дозволено да игра со дефибрилатор. 

Се вчитува...