Бове пуштен од болница

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина соопшти дека играчот од средниот ред Едоардо Бове (22), кој колабираше на теренот за време на првенствениот натпревар против Интер одигран на 1 декември, вчера бил отпуштен од болница.

Во вторникот, на Бове хируршки му бил вграден срцев дефибрилатор, тип на пејсмејкер кој може да спречи фатален срцев удар.

Младиот играч подоцна ќе има можност сам да одлучи дали ќе го задржи вградениот дефибрилатор или не, а бидејќи италијанската лига не дозволува игра со вакво помагало, Бове го чека тешка одлука. Ако го остави, тогаш за него Италија ќе биде завршена мисија, а доколку одлучи да го отстрани, ќе биде под ризик за нова незгода.

Кога во јуни 2021 година, данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на натпреварот против Финска на ЕУРО, му беше вграден и срцев дефибрилатор, а бидејќи тогаш беше член на Интер, мораше да го напушти тој клуб и кариерата ја продолжи во англиски Брентфорд.

Се вчитува...