Бове веројатно никогаш веќе нема да игра фудбал

Постои можност играчот од средниот ред Едоардо Бове никогаш повеќе да не заигра фудбал по дуелот од 14. коло во Серија А меѓу Фиорентина и Интер, каде колабираше во 17. минута од натпреварот кој не го дочека својот крај.

Италијанските медиуми пишуваат дека 22-годишникот бил префрлен од одделот за интензивна нега на кардиологија и дека ќе биде спроведена нова рунда тестови за да се утврди дијагнозата.

Доколку наодите покажат дека срцевиот удар е предизвикан од неправилна форма на срцето, ќе му биде вграден кардиовертер дефибрилатор (уред сличен на пејсмејкер), што би значело дека нема да може да игра фудбал.

Причината се упатствата за спортска медицина и кардиологија во кои е забрането учество на спортски натпревари за оние кои имаат вградено модификации на срцето.

Се вчитува...