Ракометарот Јосип Божиќ Павлетиќ се простува од Еурофарм Пелистер, Хрватот на лето ќе го напушти битолскиот тим и од следната сезона кариерата ќе ја продолжи во Трембле, Франција.
Хрватот со Трембле потпиша договор на две сезони, до лето, 2024 година. Божиќ Павлетиќ на натпреварите од Лига на Европа постигна вкупно 21 голови, со што беше меѓу најдобрите стрелци во составот на Жељко Бабиќ.
Божиќ во својата кариера го носеше дресот и на двата најдобри клубови од Хрватска, Загреб и Нексе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА