Дефанзивецот на Манчестер сити, Николас Отаменди, го обнови договорот со „граѓаните“ на две години. Иако првичниот договор на Аргентинецот важеше од 2020 година, раководството одлучи да го награди за импресивните настапи во првиот дел од сезоната. Новиот договор го „врза“ до 2022 година, со значително зголемена плата.
29-годишниот аргентински репрезентативец е еден од клучните фигури на Гвардиола оваа сезона. Отаменди не стартуваше само на два меча во Премиер – лигата и Лигата на шампиони, а на 23 настапи во сите натпреварувања постигна вкупно пет гола.
Отаменди е новиот играч кој ја обнови соработката со „граѓаните“. Претходно Фернандињо потпиша нов едногодишен договор со опција да го продолжи на уште една година, Габриел Хесус веќе се согласи да потпише, но се чека официјална потврда, додека Де Бруин ќе потпише штом неговиот агент процени дали понудената сума одговара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА