Божиќниот фудбалски меч кој за момент ја прекина Првата светска војна (ВИДЕО)

На католичкиот Божиќ во 1914 година се случила можеби една од најубавите фудбалски приказни во историјата. Според написите сочувани од дневникот на војниците од тоа време, а особено на капетанот на кралскиот баталјон од Варвикшир, се заклучува дека на 25. декември 1914 година фудбалски натпревар одиграле војниците на Англија и Германија.

Местото на натпреварот се претпоставува дека е градот Фрелинген кој се наоѓа на северот на Франција, а во полн ек тогаш била Првата светска војна. Сепак, на Божиќ војна немало, туку имало фудбалски меч. Се почнало со тоа што Германците со пратките од најблиските од дома направиле импровизирани елки и лампиони и почнале со пеење божиќни песни.

На Британците не им требало долго да им се придружат, а комуникацијата меѓу поединци набрзо довела до тоа војниците да се најдат на т.н „ничија земја“. Прекинувањето на пукањето значело и почеток на дружење. Еден од германските војници шутирал топка по што му се придружиле сите и така почна една од најубавите приказни.

Не било идеално за игра бидејќи се било смрзнато, а се претпоставува дека натпреварот го добила Германија со 3-2. Двете страни имале по еден војник кој се занимавал со фудбал. Кај Британците тоа бил Џејмс Којл кој играл за шкотскиот Албион, додека кај Германците Алберт Шмид настапувал за третолигашот Шедевиц.

Примирјето било прекинато по полноќ откако капетанот Стоквел пукнал три куршуми во воздух, со што значело дека војниците треба да се вратат во бункерите.

Се вчитува...