Далас маверикс одигра четвртина за паметење на вечерашниот божиќен дуел со ЛА Лејкерс, откако тимот предводен од Лука Дончиќ во третиот период постигна неверојатни 51 поен.
Она што е интересно, Далас во првите две четвртини реализираше вкупno 43 поени (21 во првата, 22 во втората), за предводени од Дончиќ и од Хардавеј џуниор, домашните кошаркари да го декласираат противникот во третите 12 минути од овој натпревар. Далас погоди дури десет тројки, шутираше од поле со фантастични 71,4%.
Овие 51 постигнат поен за една четвртина се израмнување на клупскиот рекорд на Далас во историјата на маверикси, воедно и најефикасна четвртина на еден тим во НБА-лигата сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

