Нашиот поранешен најдобар фудбалски судија, денес еден од истакнатите контролори и Роберт Марковиќ раководителот за безбедност и интегритет во Фудбалската федерација на Македонија , ја отворија сезоната во европските купови како претставници на ФФМ во УЕФА.
Во последното 8 коло пред нокаут фазата во Лигата на европските шампиони Емил Божиновски во Франција го контролираше судењето на натпреварот меѓу клубот Брест и Реал од Мадрид 0-3. Со оваа победа Реал Мадрид ќе игра во плеј-оф како 11-ти на табелата со биланс од 5 победи и три порази со 15 бода. Во плеј оф ќе игра и Брест кој се пласира на 18 место. Освои 13 бода со 4 победи, едно реми и три порази.
Во натпреварите во Лигата на Европа во Букурешт, Роберт Марковиќ се грижеше во Букурешт за безбедноста на средбата меѓу домашниот ФЦСБ и Манчестер Јунајтед 0-2. Манчестер јунајтед е високо пласиран на табелата, на третото место со 5 победи и три нерешени меча, без пораз со 18 бода , додека ФЦСБ ќе игра во плеј оф, пласирајќи се на десетото месо со 14 бода, со 4 победи, две нерешени и два порази.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА